Макошпед АД Скопје за периодот Jануари – Март 2022 година оствари добивка од 3.327 илјади денари искажана во неревидираниот Биланс на успех и добивка во износ од 3.475 илјади денари искажана во неревидираниот консолидиран Биланс на успех, која е за 13% повисока во однос на истиот период мината година.
Остварените вкупни приходи за период Јануари – Март 2022 година изнесуваат 21.670 илјади денари и во споредба со остварените вкупни приходи за истиот период 2021 година бележат зголемување од 3%.
Оперативните приходи изнесуваат 21.661 илјади денари и бележат зголемување од 3% во однос на оперативните приходи за истиот период 2021 година.
Финансиските приходи изнесуваат 9 илјади денари додека во 2021 година друштвото нема остварено финансиски приходи.
Вкупните расходи за период Јануари – Март 2022 година во износ од 18.343 илјади денари бележат зголемување од 3% во однос на вкупните расходи за истиот период 2021 година.
Оперативните расходи во периодот Јануари – Март 2022 година изнесуваат 18.308 илјади денари и бележат зголемување од 4% во однос на истиот период 2021 година.
Финансиските расходи изнесуваат 35 илјади денари и се за 45% пониски од финансиските расходи за истиот период 2021 година.
Остварените консолидирани вкупни приходи за период Јануари – Март 2022 година изнесуваат 24.875 илјади денари и во споредба со остварените консолидирани вкупни приходи за истиот период 2021 година бележат зголемување од 8%.
Консолидираните оперативни приходи за период Јануари – Март 2022 година изнесуваат 24.886 илјади денари и бележат зголемување од 8% во споредба со остварените оперативни приходи за истиот период 2021 година .
Консолидираните финансиски приходи изнесуваат 9 илјади денари додека во 2021 година друштвото нема остварено финансиски приходи.
Консолидираните расходи за период Јануари – Март 2022 година се во износ од 21.400 илјади денари и бележат зголемување од 7% во однос на вкупните расходи за истиот период 2021 година.
Консолидираните оперативни расходи во периодот Јануари – Март 2022 година изнесуваат 21.365 илјади денари и бележат зголемување од 7% во однос на истиот период 2021 година.
Консолидираните финансиски расходи изнесуваат 35 илјади денари и се 45% пониски од финансиските расходи за истиот период 2021 година.