ПОВЕЌЕ

    Која поранешна југословенска држава има двојно повисока просечна плата од Македонија

    Време зa читање: < 1 минутa

    Просечната исплатена нето плата во јули во Хрватска изнесувала 7.046 куни, или околу 940 евра, што е номинално повисоко за 4,8 проценти, а реално за 1,9 проценти на годишно ниво, објави Централното биро за статистика (ДЗС).

    Во споредба со платата за јуни, просечната јулска плата била номинално помала за 1,8, а реално за два проценти.

    Највисоката просечна месечна плата за јули е исплатена во производството на рафинирани нафтени производи, во износ од 10.624 куни, а најниската во производството на облека, во износ од 4.462 куни.

    Според податоците на ДЗС, медијалната нето плата за јули оваа година изнесувала 6.000 куни, што значи дека половина од вработените имале помала плата и половина повисока плата од таа сума.

    Заради споредба, просечната јулска плата во Македонија изнесуваше околу 463 евра, што е за повеќе од половина пониска од хрватската.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично