ПОВЕЌЕ

    Комерцијална банка ќе започне со исплата на априлските пензии по следниот редослед

    Време зa читање: 2 минути

    Комерцијална банка АД Скопје ги известува своите ценети клиенти пензионери дека од понеделник, 26.04.2021 година, ќе започне со исплата на априлските пензии. На пензионерите кои имаат активна дебитна картичка пензијата ќе им биде на располагање истиот ден и ќе може да ја подигнат на банкомат или да ја користат за безготовинско плаќање низ трговската мрежа.

    Исплатата на пензионерите кои не користат платежни картички ќе биде организирана во четири групи, според висината на пензијата, согласно следниот распоред:

    понеделник 26.04.2021 година, исплата на пензии до 11.000 денари

    вторник 27.04.2021 година, исплата на пензии од 11.001 до 14.000 денари

    среда 28.04.2021 година, исплата на пензии од 14.001 до 18.000 денари

    четврток 29.04.2021 година, исплата на пензии над 18.000 денари

    Потсетуваме дека клиентите при посета на шалтер, заради заштита на своето и здравјето на вработените, мора задолжително да ги следат сите пропишани мерки за заштита и превенција од вирусот Covid-19 – држење на пропишаното минимално растојание, носење заштитна маска, марама или шал и задолжителна дезинфекција на рацете, апелираат од банката.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично