ПОВЕЌЕ

    Економската и политичката ситуација во светот се влошува, а пазарите се во негативен тренд

    Време зa читање: 5 минути

    Портфолио менаџерите во Генерали Инвестментс составија резиме за тековните случувања кои влијаат врз пазарот на капитал и актуелни совети за инвеститорите.

    Преглед на моменталните случувања:

    Разговорите на берзата продолжуваат да се вртат околу инфлацијата и нејзиното потенцијално ублажување. Таа веќе го изеде реалниот расположлив приход на домаќинствата. Некои земји се во „подобра“ форма од другите. Откако светот стана глобален, такви станаа и цените на следниве суровини: нафта, гас, пченица, пченка, бакар итн. Во земјите каде што куповната моќ е многу мала и се зависни од увоз, повисоките цени доведоа до рестрикции, недостиг и општ хаос (на пр. Шри Ланка). Меѓутоа, во земјите со висок БДП по глава на жител (Швајцарија и Јапонија), повисоките цени немаа толку силно влијание врз општата состојба во земјата.

    Изминатава недела забележавме продолжување на стабилизација на одредени цени. Цените на индустриските материјали продолжија да паѓаат. Може да се спомене и цената на бакарот, која минатата недела падна за добри 4 %. Одредена стабилизација бележат и цените на енергенсите, но сè поголема е неизвесноста во однос на снабдувањето со руски гас, што пак ги зголемува цените на струјата особено во Европа. Цената на струјата со испорака за еден месец напред поскапе за речиси 30 % на германската берза во последната недела и моментално се движи околу 350 евра за мегават. Од друга страна, можноста за извоз на жита од Украина ја намали цената на одредени жита. Цената на пченицата во последната недела падна за околу 10 %.

    Можеме да кажеме дека повисоките каматни стапки во САД и во ЕУ веќе ја смирија економијата, што исто така ги намали цените на суровините кои не се засегнати од воената ситуација во Украина. Дали можеме да очекуваме рецесија во САД и доколку се случи, колкава ќе биде таа, моментално е едно од главните прашања на берзанските коментатори. Американската централна банка (ФЕД) малку ги смири пазарите минатата недела. Нејзиниот гувернер, Jerome Powell, во средата коментираше дека можат да ја ублажат инфлацијата без рецесија. Оваа задача е исклучително напорна, бидејќи неколку западни земји моментално чекорат по тенка линија. Повисоката цена на парите може да потопи неколку приказни засновани на вишок ликвидност кои станаа релевантни во последниве години. Така, американската берза ја заврши изминатата недела со мала загуба. Истото важи и за светските индекси, кои забележаа пад од 2%.

    Инвеститорите во моментов детално ги следат макроекономските податоци. Тие во САД укажуваат на одредено успорување. Во Европа се полоши и укажуваат на многу напорна есен. Пред се, енергијата ќе биде на тапет. Европа се соочува со многу тешки одлуки. Централната банка, а исто така и државите можат да помогнат со ваучери, помош, пониски каматни стапки, но тоа не го решава проблемот. На овој начин еврото ја губи силата во однос на доларот, што повторно ја зголемува инфлацијата, бидејќи цените на суровините се врзани за доларот. Се чини дека ситуацијата малку би се смирила доколку заврши војната во Украина, но во моментов нема никаков знак за тоа.

    Позитивни вести продолжуваат да пристигнуваат од Кина. Берзите зедоа малку здив минатата недела. Индексот PMI позитивно ги изненади инвеститорите минатата недела, бидејќи тие очекуваа вредност од околу 50, границата помеѓу падот и растот. Бројката беше 54,7, што укажува на прилично силен скок во услужниот сектор во јуни. Нивната монетарна политика, исто така, останува стимулативна.

    СОВЕТИ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ:

    Економската и политичката ситуација во светот се влошува, а пазарите се во негативен тренд. Централните банки како најважен играч во моментов ја заоструваат монетарната политика. Во борбата против зголемената инфлација, ФЕД ја зголеми основната каматна стапка за 0,75 процентни поени помеѓу 1,5 и 1,75 %. Ова е најголем пораст од ноември 1994 година. ФЕД ги зголемува каматните стапки со цел да ја задржи куповната моќ на потрошувачите. ЕЦБ, исто така, најавува прво зголемување од 0,25 процентни поени на состанокот во јули, по што ќе следи уште едно зголемување во септември. Така, за прв пат од јуни 2014 година каматната стапка ќе излезе од негативната зона. Јулското зголемување ќе биде прво зголемување на клучните каматни стапки на ЕЦБ по јули 2011 година. Сепак, заштедите сè уште се силно погодени од зголемената инфлација, која не покажува знаци на олабавување. Во тоа опкружување, каде што силно успорување на економскиот раст е факт и е многу веројатен преминот кон стагфлацијата, инвестирањето е многу тешко.

    Во ваква ситуација, како што покажуваат историските податоци, најдобро е да се вложува во акции, па недвижнини, после тоа обврзници и на крај во пари или депозит. Но, бидејќи сценариото за рецесија и стагфлација не е факт и бидејќи централните банки исто така можат многу брзо да го променат правецот, потребата за диверзификација на портфолиото е најголема денес од последната криза. Комбинација од акциски фондови како што се Генерали Топ Брендови, Генерали БРИК или Генерали НОВА ЕУ и паричен фонд – Генерали Кеш Депозит, треба да бидат основа на портфолиото во вакво опкружување. Минатата година кинеските акции беа главно синоним за стрес, но приказната полека се врти. Оценките станаа поатрактивни, профилот на раст е сè уште атрактивен, а Кина, како една од ретките земји, ја ослободува монетарната политика и го преплавува пазарот на пари. Се чини дека следува период кога кинеските акции повторно ќе понудат натпросечни приноси во споредба со остатокот од светот. Дефинитивно ни претстои поразличен период од последните 10 години. Но, тоа не значи дека нема можности за инвестирање. Историјата на инвестирање покажува дека сонцето секогаш изгрева после дождот и тоа најдобро го поднесуваат оние кои се истрајни со програмираните уплати.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично