ПОВЕЌЕ

    Нептун Чаир ги отвора вратите на 17 август

    Време зa читање: < 1 минутa

    Нептун Македонија на 17 август 2026 година, со почеток во 12:00 часот, свечено ќе го отвори продажниот салон Нептун Чаир, лоциран во Retail Park Point на Булевар Македонско-Косовска бригада бр. 67, Чаир, Скопје.

    По повод свеченото отворање, од 17 до 19 август 2026 година, потрошувачите ги очекуваат попусти до 50%, подароци и ексклузивни понуди, подготвени специјално за оваа пригода.

    Продажниот простор е осмислен за лесно разгледување, споредување и тестирање на производите. На едно место ќе биде достапен широк избор на бела техника, апарати за домаќинство, ТВ и аудио опрема, компјутери и гејминг, телефони и паметни уреди, производи за ладење и греење, како и стручна поддршка при изборот.

    „Со Нептун Чаир сме уште поблиску до потрошувачите. Продолжуваме да инвестираме во современи продажни формати што нудат релевантен избор, стручна поддршка и подобро купувачко искуство“, истакнуваат од Нептун Македонија.

    ПР Објава.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично