ПОВЕЌЕ

    Американска компанија ќе отвора фабрика за рециклирање пластика во Македонија

    Време зa читање: 2 минути

    Американската Компанијата „TEXAN & Envipco“ којашто 10 години работи во Грција со најсовремена технологија за рециклирање одлучила во Македонија да отвори фабрика за рециклирање на пластика.

    Претседателот на Владата Зоран Заев, заедно со заменик-претседателот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи, со претседателот на грчко-американската комора АмЧам, Николаос Бакацелос и со претставници на компании членки на комората било кажано дека компаниите изразиле интерес за заеднички вложувања и за инвестиции во енергетиката, обновливите извори како и во циркуларна економија во насока на спроведување на Зелената агенда, како и во агросекторот.
    Заев, како што соопшти владината прес-служба, истакнал дека СМакедонија посветено работи на унапредување на економската регионална соработка, за што говорат и податоците за солидната трговска размена со земјите од регионот, како и заедничките проекти во полето на енергетиката. Тој и Битиќи ги поканиле компаниите да дојдат да ги искористат можностите за инвестирање, како и за заеднички вложувања со националните компании.
    „На состанокот се дискутираше и за придобивките од влезот на Северна Македонија во НАТО што за инвеститорите е јасен и позитивен сигнал, бидејќи ја зголемува предвидливоста и сигурноста на деловниот амбиент за нови инвестициски вложувања“, се наведува во соопштението.
    Заев говорел и за позитивните исчекори што Северна Македонија ги прави за придвижување на интеграциските процеси на земјата како уште еден силен импулс за отворање на економските перспективи, а еден од начините за остварување на таа цел е токму зголемувањето на регионалната соработка.

    Претседателот на грчката АмЧам, Бакацелос, пак, искажал отворена благодарност што Северна Македонија е отворена за инвестиции и водење бизнис.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично