ПОВЕЌЕ

    Кризата ќе потрае, растат резерви на злато во Русија

    Време зa читање: < 1 минутa


    Руските резерви на злато и девизи се зголемуваат на неделно ниво. Имено, Русија повторно ги зголеми девизните резерви и тие сега достигнаа 587,6 милијарди долари, покажуваат најновите податоци објавени од Централната банка на Русија.

    Државните меѓународни фондови се зголемија за 3,6 милијарди долари или 0,62 проценти во периодот од 30 октомври до 6 ноември и тоа се случи, како што пишува РТ, поради „позитивните движења на девизниот курс и повисоките цени на златото“.

    И покрај влијанието на пандемијата на корона вирусот врз економијата на земјата, што ја принуди руската влада да ги зголеми трошоците за поддршка на бизниси и домаќинства, Русија и годинава продолжи да ги зголемува резервите на злато и девизи.

    Државните меѓународни резерви се високо ликвидни странски средства што се состојат од монетарни резерви на злато, девизи и средства на Специјален закон  и им се достапни на Централната банка на Русија (ЦБР) и на владата.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично