ПОВЕЌЕ

    Жените се генерално поуспешни инвеститори од мажите

    Време зa читање: 2 минути

    Разликата изразена во проценти не е голема, станува збор за 0.4%. Секако, овој процент изгледа мал но може да има значително влијание после долго време. И покрај резултатите од ова истражување, само 9% од жените очекувале дека ќе имаат подобри резултати од мажите. 

    Битно е да се сруши нормата дека инвестирањето е главно окупирано и треба да остане окупирано од страна на мажите. Тој сомнеж кој веќе преовладува, треба да биде обновен.

    Има повеќе причини за тоа. Жените се општо повнимателни и помалку импулсивни кога станува збор за нивните инвестиции. 

    Дури и постои книга наречена, “Ворен Бафет инвестира како девојче. Еве зошто и ти треба да го следиш неговиот пристап.” Жените гледаат на парите како алатка за постигнување на нивните цели, додека мажите ги гледаат како игра во која треба да победат. 

    Мажите имаат помала способност да размислуваат на долг рок и се помалку трпеливи. Го гледаат инвестирањето како голем натпревар во кој треба да се победат главните параметри. 

    Сепак, потребно е уште за да се побие стигмата кога станува збор за жени и раководството на финансиски средства. Генерално, на жените им е попријатно да зборуваат за нивното здравје отколку за нивните финансии.

    Во секој случај, трендот покажува дека женската популација, полека но сигурно се вклучува во светот на инвестирање каде што, до пред неколку децении беше доминиран само од машката популација.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично