ПОВЕЌЕ

    Информативно-едукативна брошура „Запознајте ја Народната банка на Република Северна Македонија“

    Време зa читање: < 1 минутa

    НБРСМ објави нова информативно-едукативна брошура, со наслов „Запознајте ја Народната банка на Република Северна Македонија“. Во брошурата се наоѓаат голем број на информации поврзани со работењето на институцијата и за нејзините основни цели и задачи.

    Да се потсетиме, основната цел на НБРСМ е постигнување и одржување ценовна стабилност во земјата. Подреденана основната цел е одржувањето на финансиската стабилност. Исто така, во неа има и објаснување за тоа како се разликува централната банка од другите институции и комерцјалните банки.

    Како што стои на интернет-страницата на НБРСМ, во брошурата се опфатени значителен дел од активностите на Народната банка, при што преку илустриран приказ, едноставен јазик и мноштво интересни факти се обезбедува поголема информираност на јавноста за различни аспекти од нејзиното работење.

    Брошурата нуди краток и едноставен приказ на работењето на Народната банка, ставајќи акцент на сите постојни можности за отвореност на институцијата и информирање на населението.

    Запознајте ја Народната банка преку оваа публикација, достапна на следниот линк на интернет-станицата на НБРСМ: http://nbrm.mk/edukativni_materijali.nspx

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично