ПОВЕЌЕ

    За купена нова машина државата покрива 40% од трошоците на ММСП – Јавен повик од Министерството за економија

    Време зa читање: < 1 минутa

    Mикро, малите и средни претпријатија што инвестирале во нови машини, можат да аплицираат за субвенции. Министерството за економија објави јавен повик за кофинансирање на 40 проценти од трошоците, но не повеќе од 350 илјади денари. За оваа намена се предвидени 57 милиони денари.

    За овие пари можат да се пријават фирми кои вработуваат најмалку две лица. Доколку претпријатието е во сопственост и управувано од жена, треба да вработува најмалку едно лице, кое треба да е сопственик со над 50% и управител.

    Како што е наведено во јавниот повик, субвенционирани ќе бидат трошоците за нови машини направени лани и годинава, но кои можат да се докажат.

    Исто така, посочено е дека нова машина е секоја машина, опрема или постројка произведена не порано од две години од датумот на купување, и е набавена или произведена од корисникот на финансиската поддршка под реални пазарни услови и цена утврдени согласно меѓународние сметководствени стандарди прифатени во државата.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично