ПОВЕЌЕ

    Ворен Бафет ја намали инвестицијата во Епл

    Време зa читање: < 1 минутa

    Акциите на Епл минатата недела паднаа за четири проценти. Случајно или не, тој пад се совпадна со информациите откриени од Ворен Бафет. Имено, неговата компанија Беркшир Хатавеј откри дека донекаде ја намалила изложеноста на акциите на Епл. Сепак, во портфолиото сè уште има дури 887 милиони акции на „Епл“, кои моментално вредат 115 милијарди долари на пазарот.

    Во исто време, неговата финансиска холдинг компанија Беркшир Хатавеј има двојно поголем удел во „Веризон“ (купи акции во вредност од 8,6 милијарди долари) и исто така се обложува на раст на акциите на „Шеврон“, бидејќи влезе со удел од 4,1 милијарди долари. 

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично