ПОВЕЌЕ

    ВО СРБИЈА ЗГОЛЕМЕНА СТАРОСНАТА ГРАНИЦА ЗА ПЕНЗИЈА ЗА ЖЕНИТЕ: Границата покачена на 63 години и 8 месеци, минимален праг – 15 години стаж

    Време зa читање: 2 минути

    Од 1 јануари идната година во Србија ќе стапат на сила новите услови за пензионирање на жените, бидејќи старосната граница за пензионирање на жените се поместува за два месеци, па условот за пензионирање ќе биде полни 63 години и 8 месеци живот и најмалку 15 години стаж на осигурување, соопшти Републичкиот фонд за пензиско и инвалидско осигурување.

    За мажите и понатаму ќе важат истите услови, односно 65 години и најмалку 15 години стаж на осигурување.

    Старосната граница за жените се поместува согласно одредбите од Законот за пензиско и инвалидско осигурување, со кој се предвидува дека старосната граница за жените ќе се помести до 2032 година, кога ќе се изедначат условите и за жените и за мажите, така што и двете услов за пензија е да има 65 години и најмалку 15 години стаж на осигурување.

    Осигурениците од двата пола може да го остварат правото на пензија и ако имаат навршено 45 години стаж на осигурување, без разлика на нивната возраст.

    Кога станува збор за правото на предвремено пензионирање или старосна пензија, следната година завршува преодниот рок, односно поместувањето на условите за жените, па од 1 јануари 2024 година на двата пола ќе им требаат 40 години стаж и 60 години живот за да го реализираат ова право.

    Во овој случај, пензијата трајно се намалува за 0,34 отсто за секој месец пред навршување на пропишаната возраст за стекнување право на старосна пензија во таа календарска година, со најмногу 20,4 отсто.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично