ПОВЕЌЕ

    Во сопственост на Драгољуб Арсовски уште 586 акции од ТТК Банка

    Време зa читање: < 1 минутa

    Драгољуб Арсовски, претседател на Управен одбор на ТТК Банка, во период од последните 30 календарски дена се стекна со дополнителни 586 обични акции издадени од Банката. Известувањето од ТТК доаѓа преку објавената ценовно чувствителна информација на Берзата, согласно Глава 6 од Правилата за котација.

    Претходно, во март, првиот човек на ТТК Банка купи 500 обични акции.

    Арсовски, со реизбори, успешно ја менаџира Банката петнаесеттина години. А, со повременото купување акции, според правилата во деловниот свет, укажува на нејзината стабилност. Оттаму, тетовски Тетекс, доминантниот сопственик на ТТК, во остварувањето на приходите најмногу се потпира на банкарската дејност, покажуваат годишните извештаи од неговото работење.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично