ПОВЕЌЕ

    Во нетрговските преноси – акции на 13 друштва

    Време зa читање: 2 минути

    Вкупно 2.452 акции на 13 котирани друштва се регистрирани во минатонеделните нетрговски трансфери. Сите акции се обични. Во статистика на Централниот депозитар за хартии од вредност најголемата активност е забележана во понеделникот со 1.472 акции, а најмалата во четвртокот со 54 акции.

    Според бројноста, овојпат се издвојуваат подарените или наследени 938 обични акции на Трготекстил малопродажба АД Скопје. Во нетрговските трансфери не се многу застапени. Во последните 52 недели не се тргувало со нив на Берзата, а цената за акција е 97 денари.

    Акциите на Македонски Телеком се редовни во нетрговските трансфери. Минатата седмица се евидентирани 483. Инаку, нивната единечна вредност е 420 денари.

    Во понеделникот бил извршен пренос и на 50 обични акции издадени од Македонијатурист и на една од Цементарница УСЈЕ.

    Еден ден подоцна имало еден нетрговски трансфер – со 448 акции на Алкалоид. Тие се меѓу најтргуваните на Берзата, а последната просечна цена им е 27.504,26 денари.

    На средината од седмицата се реализирале два преноса. Процесуирани се по сто акции на Хотели Метропол АД Охрид и на Макстил АД Скопје.

    Окта овојпат е застапена со 54 обични акции. Единствените регистрирани во четвртокот.

    Во текот на последниот работен ден имало пренос на 278 акции. Меѓу нив се 48 на струмичките Герас Цунев конфекција и 51 на Герас Цунев трговија. Исто така, и 57 обични акции на Тутунски комбинат АД Прилеп.

    Тогаш се трансферирани и акциите на двете банки: 72 на Комерцијална банка и 50 на НЛБ банка.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично