ПОВЕЌЕ

    ВО МЛАДОСТА СЕ ПЛАНИРА СТАРОСТА – 15 септември Ден на пензиската свесност

    Време зa читање: 3 минути

    Денес е Ден на пензиската свесност. Наменет и посветен на сите кои се далеку од пензија, но треба да размислуваат за тоа – што и како по завршувањето на работниот стаж. И ја носи пораката: Се штеди во младост за безбедна старост.

    Обележувањето на овој ден е воспоставено од Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС, со цел да ја нагласи важноста на пензиското штедење. Притоа, од 2014 година па наваму се организираат еднонеделни едукативни активности со кои се опфаќаат голем број млади лица кои треба да ја согледаат суштината. Имаат време да инвестираат во својата старост. И да ја планираат иднината сопствената пензионерска иднина.

    Поентата е нововработените да се насочат кон долгорочно штедење. И да увидат дека преку фондовите од вториот и третиот столб ќе обезбедат достоинствени пензии. Што значи и посигурни пензионерски денови. Оттаму и потребата младите правилно да се информираат за значењето на пензиските столбови, за пензиските фондови – задолжителни и приватни, за улогата на пензиските друштва. И навремено да се запознаат со правата, обврските и придобивките што им следуваат како на членови на задолжителните и доброволните пензиски фондови, веднаш по започнувањето на работниот однос.

    Право на секој ноовработен е да направи избор каде ќе членува. Во Сава пензиско друштво, КБ прво пензиско друштво или Триглав пензиско друштво. Во нивни рамки се и двата фонда, задолжителниот и доброволниот. Опција е и ВФП пензиско друштво, но само за оние кои ќе се определат за доброволниот пензиски фонд.

    Според последните податоци на МАПАС, во задолжителните пензиски фондови има 606.276 членови. Тоа е состојба од 14 септември и за една година членството е зголемено за 20.270 лица. Нето вредноста на нивните вложени средства изнесува 153,42 милијарди денари или речиси 2,5 милијарди евра (податокот е од 13 септември).

    На истите датуми во доброволните пензиски фондови бројот на членови е 32.981, кои на своите сметки имаат 3,87 милијарди денари, односно околу 63 милиони евра.

    Од МАПАС секој ден советуваат: Ако ти е рано за пензија, не ти е рано за penzija.mk.

    M.A.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично