ПОВЕЌЕ

    Во истрага за перење пари запленети криптовалути вредни 250 милиони долари

    Време зa читање: < 1 минутa

    Британската полиција заплени криптовалути во вредност од 180 милиони фунти (250 милиони американски долари) како дел од истрагата за перење пари, што е досега најголема заплена од ваков вид во Велика Британија.

    – Денешната заплена е уште еден значаен настан во оваа истрага, која ќе продолжи во наредните месеци со цел да се открие кој центар стои зад сомнителните активности за перење пари, изјави полицискиот детектив Џо Рајан.

    Оваа нова голема заплена следува откако на 24 јуни беше извршена конфискација на крипто-валути во износ од 114 милиони фунти. Во акцијата е уапсена 39-годишна жена под сомнение за сторено кривично дело перење пари.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично