САВА Ре а.д. Љубљана (SAVA Re d.d. Ljubljana) е составен дел од бизнис сцената повеќе од 30 години, успешно адаптирајќи се на пазарните случувања и динамика, со понуда на решенија креирани согласно потребите на сите свои клиенти. Високото ниво на корпоративна култура, базирана на транспарентност и тимска работа се една од препознатливите карактеристики кои Групацијата ги преточува во пракса преку компаниите и вработените на домашниот пазар.
Со трансфер на знаење, ре-осигурителна поддршка, пристап до нови осигурителни продукти и трендови, сигурност, искуство и перспектива за воведување на новини, САВА Осигурителна Групација ги бележи своите први успеси на македонскиот пазар преку својата ќерка – компанија „САВА Осигурување“, етаблирана како сериозен и стабилен партнер на осигурениците и деловните соработници во сегментот на неживотно осигурување. После 30 години активна работа, денес “САВА Осигурување“ на домашниот пазар значи сила и сигурност. Во тој манир продолжува да инвестира во модерни технологии, развој на човечкиот капитал и подобрување на клиентското искуство, со јасна определба за одржлив раст и дигитална трансформација.
Пред 20 години е формирано „САВА пензиско друштво“, како прво приватно пензиско друштво во Македонија. Препознавајќи ги трендовите и увидувајќи ги можностите за стратешки развој, во 2018 година Сава Осигурителна Групацијата го презема “САВА пензиско друштво“ под своја закрила. Со две децении активна и посветена работа базирана на постојано градење и надградување на издржлив и високо-отпорен втор пензиски столб, “САВА пензиско друштво“ станува сериозен партнер од доверба. Со стабилен раст и развој низ годините, Друштвото стратешки управува со средствата на своите членови и е препознаено по грижата, транспарентноста и високите морални вредности, како и по својата активна улога во одржливоста на пензискиот систем, човечката околина и општеството во целина.
Оваа година, САВА Осигурителна Групација одбележува уште едно значајно достигнување – 10 години активна работа на „САВА Стејшн“, современа станица за технички преглед лоцирана во скопската општина Илинден. Прв и единствен проект во Македонија од ваков карактер со интегриран асистентски центар, „САВА Стејшн“ е симбол на иновативност и интеграција на осигурување со техничка поддршка на едно место.
Следејќи ја групациската ориентираност и проширување и зајакнување на портфолиото услуги кои ги нуди, со цел развој во сеопфатен провајдер на услуги во различни животни фази на своите клиенти, САВА денес и официјално го одбележува отворањето на Поликлиниката „Вита С“, најновата партнерска инвестиција на словенечката компанија во земјата. Со овој потег, покрај проширувањето на делувањето на САВА Осигурителна Групација во здравствениот сектор на македонскиот пазар, групацијата во пракса го демонстрира холистички пристап кон своите клиенти.
„Триесетте години активна работа во Северна Македонија се доказ за нашата посветеност и силните односи што ги изградивме со нашите клиенти и партнери во земјата. Горди сме на сите достигнувања кои ги одбележуваме – повеќе од 30 години „САВА Осигурување“, 20 години „САВА пензиско друштво“, 10 години „САВА Стејшн“, затоа што токму овие цифри се показатели за нашиот одржлив раст и позитивното влијание на пазарот. Нашата најнова инвестиција во Поликлиниката „Вита С“ дополнително ја нагласува нашата стратегија за диверзификација во интерес на клиентите. Продолжуваме и понатаму да работиме со јасна определба за одржлив раст и дигитална трансформација, фокусирани на транспарентноста, иновативноста и долгорочната стабилност. Остануваме посветени на понатамошно зајакнување на нашето присуство на македонскиот пазар и поширокиот регион преку континуирани инвестиции, иновации и фокус на задоволување на променливите потреби на нашите клиенти. Верувам дека предводени од искусните домашни тимови и понатаму ќе продолжиме да се развиваме и да придонесуваме кон локалната економија во државата.“ – изјави Марко Јазбец, Претседател на Управен Одбор на САВА Ре а.д. Љубљана.
„Словенија и Северна Македонија делат силни економски врски, што е евидентно од бројните словенечки инвестиции во државата. Словенечките компании како САВА Осигурителна Групација играат витална улога во овој однос. Долгорочното присуство и континуираните инвестиции на САВА во Македонија се јасен показател за довербата во пазарот и значително придонесуваат за неговиот развој. Ваквата одржлива посветеност, која опфаќа над 30 години плодна работа во повеќе сфери, ја зајакнува билатералната економска соработка и го поттикнува просперитетот на двете држави.“ – изјави Неговата Екселенција, г-дин Грегор Прескер, Амбасадор на Република Словенија во Република Северна Македонија.