ПОВЕЌЕ

    Оваа година на одмор со ваучер од 200 евра?

    Време зa читање: 2 минути

    И оваа година на одмор со ваучер.

    Иако минатата година имаше злопотреба на дел од ваучерите, сепак Владата одлучи да дели ваучери за годишен одмор во висина од 12.000 денари кои ќе ги добијат граѓаните со ниски примања.

    Министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес-конференција кажа дека во делот на туризмот и оваа година ќе продолжи мерката организиран одмор на работници со ниски приходи. Но, ваучери нема да има за сите граѓани со ниски примања туку ќе се делат по принципот „прв дојден, прв услужен“.

    „Ефектите од ваучерите за домашен туризам за граѓани со ниски приходи, кои што како мерка за поддршка на туризмот за време на пандемија ги реализиравме минатата година дадоа резултат, посебно за домашните туристички капацитети, каде беа искористени над 65.000 ваучери.

    Оваа година, во таа насока продолжуваме преку оваа мерка која што почна да се реализира за прв пат во 2017 година. Оваа година, за таа намена се предвидени вкупно 15.000.000 денари за организиран одмор на работници со ниски приходи чии месечни примања во семејството не го надминуваат нето износот од 30.000 денари“, рече Бектеши.

    Буџетот во 2021 година за промоција  на македонскиот туризам изнесува околу 500.000 евра. Од вкупниот износ,  најмногу пари се намененети за промоција на домашните капацитети на социјалните мрежи.

    Во сите четири сета мерки минатата година го подржавме туристичко-угостителскиот сектор. Ова година за негов развој преку програмата на Министерство за економија се наменети 31 милион денари, пари што ќе се искористат за промоција, при што за дигитален маркетинг преку социјални мрежи се наменети 11,5 милиони денари, за субвенции за опрема и алати за подобрување на активен туризам – 2,5 милиони денари, за селски домаќинства  – 5 милиони денари,  за промоција на еколошки зони – 1,5 милиони денари, како и кампања за безбедно патување – 1 милион денари – рече Бектеши.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично