Колку изнесува вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија?

Датум на објава: 07.08.2020

Време зa читање: 3 минути

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија, во периодот јануари ‒ јуни 2020 година, изнесува 151 054 307 илјади денари и бележи пад од 22.2 % во однос на истиот период од претходната година.

Вредноста на увезената стока, во периодот јануари ‒ јуни 2020 година, изнесува 206 239 277 илјади денари, што е за 17.9 % помалку во споредба со истиот период од претходната година.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари ‒ јуни 2020 година, изнесува 55 184 970 илјади денари. Покриеноста на увозот со извоз, во перидот јануари ‒ јуни 2020 година, изнесува 73.2 %.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот e најголемо учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1  и моторните возила за превоз на 10 или повеќе лица, вклучувајќи го и возачот, со мотор со внатрешно согорување со палење со помош на компресија (дизел или полудизел). Во увозот се најмногу застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), плоснатоваланите производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени и другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.

Прочитајте и ...  Марк Цукерберг: Овие мисли го менуваат светот

Во периодот јануари ‒ јуни 2020 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Бугарија.

Стоковна размена изразена во евра и САД долари

Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари ‒ јуни 2020 година, изнесува 2 450 294 илјади евра и бележи пад од 22.3 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 3 345 444 илјади евра, што е за 18.1 % помалку во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари ‒ јуни 2020 година, изнесува 895 150 илјади евра.

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во перидот јануари ‒ јуни 2020 година, изнесува 2 705 623 илјади САД долари и бележи пад од 24.0 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 3 691 475 илјади САД долари, што е за 20.0 % помалку во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во перидот јануари ‒ јуни 2020 година, изнесува 985 852 илјади САД долари.

Преземи го соопштението во целост

   Преземи табели


Тагови: Државен завод за статистика, екомонија, Извоз, макроекономија, статистика,

Facebook профил: pari.com.mk

Инстаграм профил: pari.com.mk

@pari.com.mk

© Преземањето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот pari.com.mk е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со pari.com.mk, е строго забрането.


Сподели: