ПОВЕЌЕ

    Винарската визба Попова кула во загуба – ,,се бориме за опстанок”

    Време зa читање: 3 минути

    Друштво за производство и промет Винарска Визба Попова Кула АД Демир Капија првата половина од 2021 година ја заврши со негативен финансиски резултат во износ од 726 илјади денари. Друштвото споредено е погодено многу во своето работење од новонастанатата здравствена состојба во земјава и светот со вирусот COVID19.

    -Согласно оваа ситуација и уредбите на Владата ресторанот и хотелот во ВВ Попова Кула АД беа затворени целосно и делумно за работа определени периоди од 01/01/2021 до 30/06/2020. Исто така намалени се и странските туристи кои почнувајќи од месец мај беа значаен фактор при исполнување на нашите хотелски капацитети, се вели во објаснувањето на винарската визба во образложението доставено до Македонска берза.

    Споредено со последните ревидирани годишни финански извештаи Друштвото нема промени во сметководствените политики и методи на вреднување на ставките.

    Во периодот од 01/01/2021 до 30/06/2021 година Друштвото има остварено вкупни оперативни приходи во износ од 10.407 илјади денари. Споредено со истиот период лани овие приходи се зголемени за 5.332 илјади денари. Ова зголемување во најголем дел се должи на работење на хотелот и ресторанот со зголемен број на посетители споредбено спрема истиот период лани.

    Во поглед на анализа на расходите исто големо е влијанието на состојбата со COVID19 вирусот. Оперативните расходи се зголемени за 4.177 илјади денари. Зголемувањето е резултат на зголемениот број на гости кои резултираат и со зголемени тропшоци од редовно работење.

    -Во однос на финансиските приходи и расходи да напоменеме дека Друштвото има долгорочен кредит во Шпаркасе Банка АД Скопје за којшто потпиша анекс на договор со кој датумот за доспевање на првата рата и на крајниот датум на доспевање се пролонгираат за една година и истиот е 28/07/2021 година. Исто така, земен е кредит во иснос од 392.000 денари од Развојна Банка на Република Севрна Македонија во рамки на програмата за помош од линијата КОВИД2, се вели во соопштението.

    ВВ Попова Кула АД нема исплатено дивиденди. ВВ Попова Кула АД нема вложувања или продажба на материјални средства или нивни значителен отпис во првите шест месеци од 2021 година.ВВ Попова Кула АД нема промени во кредитните задолжувања (намалувања или зголемувања поголеми од 30% споредено со последните годишни ревидирани финансиски извештаи).

    -Со надеж за нормализирање на состојбата и заштита на здравјето на сите во престојниот период ВВ Попова Кула АД очекува тешки денови пред себе. Иднината делува неизвесна, доколку се соочиме со континуирање на оваа состојба за нас летната сезона што досега ни претставуваше генератор на позитивни парични текови е речиси загубена. Доколку на есен нè очекува влошуање на состојбата кај нас и во светот за нас би значело борба за опстанок. Намалени се побарувањата и кај винскиот пазар како домашен така и странски.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично