ПОВЕЌЕ

    Victoria’s Secret ги напушта своите Ангели

    Време зa читање: 2 минути

    Гигантот за долна облека, Victoria’s Secret, објави дека ќе се здружи со група од инспиративни жени, вклучително и активистки и претприемачи, за да го промовираат новиот имиџ на брендот и истиот да го обликуваат.

    Овие жени, меѓу кои и индиската актерка и претприемачка Пријанка Копра Џонс и професионалната фудбалерка и активистка за родова еднаквост Меган Рапино, ќе станат заштитни лица на брендот.

    Ангелите на Victoria’s Secret се синоним за брендот уште од крајот на 90-тите. Низ текот на годините од овие жени, се издвоија некои од најпознатите светски модели, како што се Жизел Бундхен, Тјара Бенкс и Хајди Клум. Споменатите дами беа заштитно лице на Victoria’s Secret преку маркетинг кампањи и годишни списанија.

    Извршниот директор на Victoria’s Secret, Мартин Вотерс, истакна дека Ангелите не се „релевантни за културата“.

    Долгогодишниот шеф на маркетинг во матичната компанија на Victoria’s Secret и Л Брендс, Ед Разек, беше „мозокот на операцијата“ зад сцената. Разек важеше за еден од највлијателните луѓе во моделирањето во раните 2000-ти, кој им помогна на многу познатите модели во започнувањето на кариерата. По оставката во август 2019 година, шоуто на Victoria’s Secret беше откажано тој ноември, односно година дена откако тој даде контроверзни коментари за прикажување трансродови и плус-сајз модели.

    Порано, брендот Victoria’s Secret се водеше од една идеја, која беше наречена „секси“, истакна Вотерс и додаде:  

    „Знаев дека треба да го смениме овој бренд на долг рок, но едноставно немавме контрола над компанијата за да можеме да го сториме тоа“.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично