ПОВЕЌЕ

    [Видео] Лабораторијата за роботика во Сбербанк разви робот кој ги уништува сите видови на вируси

    Време зa читање: 2 минути

    Роботот е опремен со УВ ламби со вкупна моќност од 100 вати за дезинфекција на просторија од 20 м2 за 5 минути. Прототипот може да ги уништи сите видови на патогени микроорганизми, вклучително и вирусни инфекции на површина поголема од 2500 квадратни метри во текот на ноќта, пишува во известувањето од „Сбербанк”.

    Роботот е автономен и безбеден, може да се самодезинфицира во просторијата и автоматски да прекине дезинфекцијата кога некое лице ќе влезе во собата.

    Прототипот засега се тестира во филијалите на „Сбербанк” во Русија, а банката се надева дека наскоро ќе може да се користи и во болници, образовни институции, јавен превоз и други јавни места за превентивна дезинфекција и ќе биде од огромна помош да се ограничи или спречи ширењето на коронавирусот, но и други вируси.

    Како функционира роботот можете да погледнете на следното видео.

    https://sberbanktv.ru/?video=XqJ6Jr

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично