ПОВЕЌЕ

    ВФП пензиско друштво: Нова емисија акции во вредност од 75 илјади евра

    Време зa читање: < 1 минутa

    ВФП пензиско друштво АД Скопје ќе емитува втора емисија на акции. Одобрението за издавање долгорочни хартии од вредност по пат на приватна понуда го доби од Комисијата за хартии од вредност.

    Друштвото за управување со доброволни пензиски фондови ќе издаде 75.000 обични акции. Продажната цена на хартиите од вредност е еднаква на номиналната вредност на акцијата, односно едно евро. Оттаму, вкупната вредност на емисијата е 75.000 евра.

    Обичните акции од втората емисија во целост се наменети за познат купувач, институционален инвеститор, кој е и единствен акционер со сто насто учество во акционерскиот капитал. Станува збор за Друштвото за управување со отворени и затворени инвестициски фондови ВФП Фонд Менаџмент АД Скопје.

    Новата емисија е во насока на зголемување на основната главнина по пат на приватна понуда, со цел одржување на потребниот износ на сопствени средства во износ не помал од една половина од износот на основната главнина на Друштвото, пропишана со Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично