ПОВЕЌЕ

    УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ СОДРЖИНИ

    Онлајн новинската агенција Пари (Pari.com.mk) е дел од медиумската компанија Аналитика Медиум ДОО Скопје. Преку оваа платформа нудиме аналитички и информативни содржини, со посебен фокус на финансиски, економски и деловни теми.

    Општи услови за преземање содржини

    Бесплатно преземање на содржини од Пари надвор од овие услови е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Пари, односно со одговорниот уредник. Преземањето на содржини е дозволено само под следниве услови:

    1. Опфат на содржини
      • Текстуални содржини
        • Дозволено е да се преземе најмногу 25% од содржината на текстот.
        • На крајот од преземениот текст задолжително треба да се објави реченицата:
          „Целиот текст прочитајте го тука“, каде зборот „тука“ ќе биде поврзан (хиперлинк) до оригиналниот текст на Пари.
        • Доколку текстот е потпишан од конкретен автор, задолжително треба да се наведе неговото име и презиме.
        • Насловот на текстот треба да започне со зборот „Пари“ и интерпункцискиот знак две точки (на пр., „Пари: Нов тренд во бизнис инвестициите“).
      • Колумни и анализи
        • Бесплатно преземање на колумни е забрането освен во непосреден договор со редакцијата.
        • Дозволено е да се објави само извадок од колумна со најмногу 10 реда од оригиналниот текст.
        • Насловот на извадокот мора да содржи фразата „Авторот за Пари“, по што следи текстот (на пр., Гувернерот на НБРМ за Пари: Инфлацијата е под контрола“).
        • На крајот од извадокот треба да стои реченицата „Целата колумна прочитајте ја тука“, со хиперлинк до оригиналниот текст.
    2. Видео и фотографии
      Преземање на видеа и фотографии е дозволено само по дадено писмено одобрение побарано преку мејл или без одобрение ако се преземе видео или фотографија со видливо лого на Пари.
    3. Дневно ограничување
      • Дозволено е бесплатно да се преземаат најмногу пет содржини дневно по условите дадени погоре.

    Надоместоци за некоректно користење

    Тој што ќе објави содржина надвор од дефинираните услови е согласен да му исплати надомест на издавачот Аналитика Медиум ДОО Скопје во следните износи:

    • Вести, извештаи или други написи: 20.000 денари по содржина.
    • Колумни или анализи: 20.000 денари по содржина (целосно исплатени на авторот).
    • Видеа или фотографии: 15.000 денари по содржина (целосно исплатени на авторот).

    Законска заштита

    За прекршувања на овие услови, издавачот го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите, во согласност со важечките закони во Република Северна Македонија.

    Контакт

    За сите прашања или барања за договор, ве молиме обратете се на:

    Овие услови важат од моментот на нивната објава и се применуваат на сите содржини објавени на новинската агенција Пари.