ПОВЕЌЕ

    УНИБанка АД Скопје оствари добивка над 2 милиони евра

    Време зa читање: 3 минути

    УНИБанка АД Скопје оствари добивка од 131,8 милиони денари во првите 6 месеци од 2020 година

    УНИБанка во првaта половина од 2020 година делуваше во согласност со приоритетните цели и задачи дефинирани во усвоениот бизнис план за 2020 година. Клучна цел беше остварување на профит и раст согласно бизнис целите преку оптимално ангажирање на изворите на средства во сигурни и профитабилни пласмани, во услови на стабилизирање на политичкиот амбиент и стабилизирање на очекувањата на економските субјекти.

    Остварените вкупни приходи од работење во првата половина од 2020 година изнесуваат 771,5 милиони денари  и во однос на минатата година бележат пораст од  7.2%.

    Најголем придонес во остварувањето на  позитивен финансиски резултат во износ од 131,8 милиони денари имаат приходите од камати како најзначаен елемент на банкарските приходи.

    Имено, во структурата на вкупните приходи (приходи од камати, приходи од провизии и надомести, нето-приходи/расходи од курсни разлики и останати приходи од дејноста), најголемо учество од 73.2% имаат приходи од камати, кои во споредба со истиот период  од 2019 година се зголемени за 9.6%, како резултат на порастот на кредитното портфолио кое во однос на 31.12.2019 се зголеми за 2.2% и достигна ниво од 16,7 милијарди денари. Анализата на секторската структура на приходите од камати покажува поголема ориентација на банката кон кредитирање на секторот население  и соодветно е остварен годишен пораст од 10.1 проценти на приходите од камати на население.

    Остварените расходи во првата половина  од 2020 година изнесуваат 639,7 милиони денари и бележат пораст од 3.6% во однос на истиот период од 2019 година. Зголемувањето на расходите на банката се должи на расходите за провизии и надомести како и поголемиот износ на издвоени средства за зајакнување на резервациите по кредити.

    Во текот на 2020 година, банката нема исплатено дивиденди.

    Обврските по кредити во 2020 година се намалени за 6.1% во однос на  31.12.2019 година.

    Остварувањето на билансните цели на банката е минимално под очекуваното ниво за првата половина од 2020 година, а сепак бележи пораст од 4%  во однос на Декември 2019 година, особено во делот на кредитирање на население.

    Анализата на структурата на пасивата на билансот на состојба за 2020 година во споредба со планираната укажува на 97% исполнување на таргетираните извори на финансирање од секторот население, кои се минимално зголемени во однос на 31.12.2019 година. За разлика од нив, прибраните средства од финансискиот сектор се  зголемени за 27% и значително го надминуваат таргетираното ниво.

    Целиот извештај објавен преку Македонска берза може да го погледнете [ тука ]

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично