ПОВЕЌЕ

    УНИБанка од денес започнува со предвремена исплата на февруарските пензии

    Време зa читање: 2 минути

    УНИБанка со цел да излезе во пресрет на потребите на своите ценети клиенти – пензионери, Банката известува дека ќе овозможи исплатата на пензијата за месец февруари на трансакциска сметка да биде на 25ти февруари (четврток) 2021 година.

    Во услови на засилени мерки за заштита на здравјето,  пензионерите својата пензија ќе може да ја подигнат од банкомат започнувајќи од  25-ти февруари (четврток), додека подигнувањето на пензијата преку шалтер ќе може да се реализира започнувајќи од 25- ти февруари (четврток)  секој работен ден во експозитурите на Банката.

    Исплатите преку шалтер ќе се вршат по следните критериуми:

    • Во четврток, на 25.02.2021 година исплата на пензии со висина до 11.000 денари;
    • Во петок, на 26.02.2021 година исплата на пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари;
    • Во понеделник, на 01.03.2021 година исплата на пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари;
    • Во вторник, на 02.03.2021 година исплата на пензии во висина над 18.001 денари.

    Во случај на неопходна посета на експозитура од Банката замолуваат да ги почитувате правилата за влез во согласност со препораките на Владата, според кои влезот ќе биде ограничен и дозволен за број на лица соодветен на бројот на благајните во експозитурата, применувајќи го истовремено правилото за меѓусебно растојание од најмалку 2 метри во  експозитурата, како и пред влезот.

    За да се избегнат блиски контакти, УНИБанка ги повикува своите ценети клиенти пензионери кои имаат дебитна картичка или користат електронско/мобилно банкарство своите финансиски потреби да ги вршат преку плаќање со картичка, преку банкоматите и електронските канали на УНИБанка, односно максимално да избегнуваат посета на шалтерите.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично