ПОВЕЌЕ

    ТТК БАНКА: ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЗАТВОРАЊЕ НА ЈАВНАТА ПОНУДА НА ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ ПО ОСНОВ НА ПОСТИГНАТ ПРОЦЕНТ НА УСПЕШНОСТ

    Време зa читање: 2 минути

    Издавачот ТТК Банка АД Скопје известува преку Македонска берза дека на ден 12.9.2019 година заврши првата емисија на долгорочни должнички хартии од вредност – корпоративна обврзница по пат на јавна понуда.

    Јавната понуда на хартиите од вредност е одобрена со Решение бр. УП1 Број 10-69 од 22.8.2019 година на Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија. Поканата за запишување и уплата на хартии од вредност беше објавена во дневниот весник „Вечер“ на ден 29.8.2019 година, а на интернетстраницата на Македонска берза на хартии од вредност АД Скопје на ден 29.8.2019 година, кога беше објавен и Проспектот за запишување и уплата на хартиите од вредност.

    Во Проспектот за запишување и уплата на хартиите од вредност, издавачот ТТК Банка АД Скопје предвиде процент на запишани и платени хартии од вредност од 60% за да јавната понуда се смета за успешно завршена.

    Заклучно со 12.9.2019 година, од понудените 1.500 долгорочни должнички хартии од вредност – корпоративна обврзница од прва емисија, продадени се вкупно 1.500 долгорочни должнички хартии од вредност – корпоративна обврзница од прва емисија, во вкупен износ од 1.500.000,00 евра, односно 92.236.500,00 денари по среден курс на НБРСМ на денот на уплатата со што процентот на реализација на јавната понуда изнесува 100%.

    Со ова, а врз основа на член 23 став 3 од Законот за хартии од вредност може да се смета дека процентот на успешност на јавната понуда на хартии од вредност е постигнат, заради што ТТК Банка АД Скопје одлучи да ја затвори јавната понуда на хартии од вредност. Последен датум на кој ќе се примаат уплати за хартиите од вредност од јавната понуда односно ден на завршување на јавната понуда е 12.9.2019 година.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично