ПОВЕЌЕ

    Тројца директори вратиле 1,5 милиони денари поради погрешно пресметани плати – ФЗО најавува нови контроли

    Време зa читање: 2 минути

    Тројца актуелни и поранешни директори на јавни здравствени установи вратиле 1,5 милиони денари или околу 25 илјади евра поради неправилно пресметани плати. Случајот го разоткри ФЗО, но и покрај тоа остануваат прашањата колкав е реалниот простор за вакви пропусти во здравствениот систем и дали ова е само дел од поголем проблем.

    Од Фондот за здравствено осигурување велат дека контролите не се изолиран потег, туку континуиран процес што веќе опфаќа повеќе јавни здравствени установи. Покрај испораката на здравствени услуги, институцијата паралелно врши и финансиски надзор, при што во три случаи е утврдено неправилно пресметување на примањата кај раководни лица.

    Генералниот директор Сашо Клековски посочи дека целта не е само корекција на грешките, туку воспоставување систем во кој нема простор за „самовреднување и самонаплата“. Според него, правилата мора да важат подеднакво за сите, а одговорноста е заедничка – и на институциите и на сите засегнати страни, со цел прекин на злоупотребите поврзани со додатоците на плата.

    Контролите продолжуваат, а од Фондот не исклучуваат можност да се откријат и нови случаи. Ова се случува во период кога во здравството веќе има зголемување на платите. Како што рече Клековски, капитациите за матичните лекари се зголемени за 33 насто, а реализирани се и дополнителни зголемувања на платите во јавното здравство.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично