ПОВЕЌЕ

    Триглав Осигурување Живот АД, Скопје вработува советник за продажба

    Време зa читање: 2 минути

    Работни задачи и одговорности:

    • Реализација на планот на продажба преку посета на клиенти, склучување и продажба на осигурување на живот;
    • Стручно усовршување, посета на обуки за дополнување на знаењето во земјата и странство;
    • Обновување и зголемување на сопственото портфолио на осигурување;
    • Грижа за сигурна иднина и живот со насмевка.

    Очекуваме:

    • Високо или средно образование од економска или сродна област;
    • Возачка дозвола Б категорија и поседување сопствено возило;
    • Одлични комуникациски, организациски и презентациски вештини;
    • Амбициозност и желба за учење;
    • Самоиницијативност, проактивност, одговорност и насоченост кон остварување на продажни резултати.

    Платата се состои од основната нето плата за работен однос на полно работно време за оваа позиција која изнесува 17.000,00 денари и варијабилен дел од плата врз основа на работна успешност за реализација на поставените цели.

    Кратка биографија (CV), мотивациско писмо и останати документи (потврди, сертификати и стекнати лиценци) може да испратите на наведената адреса или на e-mail: [email protected] не подоцна од 04.09.2020 година.

    Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат повикани на интервју.

    Процесот на избор на кандидати ќе заврши заклучно со 30.09.2020 година.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично