ПОВЕЌЕ

    Топ 10 финансиски центри: Њујорк ја зголемува предноста, загрозена позицијата на Лондон

    Време зa читање: 2 минути
    Њујорк ја зголеми својата предност како голем финансиски центар во светот, додека Лондон едвај се задржа на второто место пред Хонг Конг.

    Неизвесноста на Брегзит го зема данокоткога станува збор за британската престолнина, покажаа резултатите од истражувањето денес.

    Њујорк ја зголеми предноста пред Лондон за 17 поени, додека силните перформанси на другите градови, особено Париз, ја загрозија втората позиција на Лондон во однос на Индексот на глобални финансиски центри (GFCI), искалкулирана од истражувачката групација Z/Yen.

    Хонг Конг сега е на само два бода зад Лондон, каде клучното прашање за финансиските експерти е дали излегувањето на Велика Британија од Европската унија на 31 октомври ќе го попречи слободното движење на талентите, се додава во истражувањето.

    Во рамките на Global Financial Centres Index (GFCI), 104 финансиски центри се рангирани врз основа на анализа на проценки од експерти на финансискиот сектор и базите на податоци, известува Ројтерс.

    „Испитаниците веруваат дека Њујорк, Хонг Конг и Сингапур ќе имаат значителна корист од Брегзитот. Во Европа, Франкфурт се смета дека ќе има најголема корист, а потоа следат Париз, Луксембург, Цирих и Даблин“, се вели во студијата.

    „Сингапур, Шангај, Токио, Пекинг, Дубаи, Шенжен и Сиднеј ги сочинуваат преостанатите неколку градови во првите десет финансиски центри. Подемот на Шенжен, Дубаи и Сиднеј ги истисна Торонто, Цирих и Франкфурт од првите топ десет места“, се додава во истражувањето.

    Извор: Tanjug.rs

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично