На Бофосијада 2025 – традиционалниот спортско-едукативен настан во организација на Синдикатот на финансиските институции на Србија, екипата на НЛБ Банка се позиционира на третото место во генералниот пласман. Во конкуренција на натпреварувачи од финансиските институции од целиот Балкан, банкарскиот тим освои 16 пехари. И повторно го потврди статусот на најуспешна македонска банка на овој настан.
Најголемите достигнувања ги постигнала Теа Шегавиќ. На натпреварувањата освоила седум пехари.
Во рамките на Бофосијада се одржал и семинар на тема „Никогаш не престанувајте да учите и бидете поддржани“, поддржан од EZA – Европски центар за работнички прашања и WOW – Светска организација на работниците. Притоа, претставниците на НЛБ Банка имале можност да разменат искуства и идеи со учесниците од над 30 земји од светот, отворајќи нови перспективи за работничката солидарност и професионален развој.
Исто така, НЛБ Мото клубот ја направил традиционалната мото-тура од Скопје до Кладово, со која уште еднаш покажале дека дека спортот, тимскиот дух и пасијата одат заедно.