ПОВЕЌЕ

    Најуспешната текстилна фабрика во земјава остварила 33 милиони евра приход

    Време зa читање: 2 минути

    Не сите текстилни фабрики во земјава одвај преживуваат. Некои од нив прават и милионски добивки. Кои се двете најуспешни текстилни фабрики во земјава едната што не произведува облека туку конец, текстил и други текстилни производство и другата која што произведува облека? И двете најуспешни текстилни фабрики доаѓаат од ист град-Прилеп.

    Минатата година, од текстилниот сектор, најголема компанија по приход, но и по добивка, била „Комфи Ангел“ од Прилеп. Оваа компанија се занимава со производство на душеци, перници, и постелнина. Ланскиот приход и бил над 33 милиони евра, а остварената добивка над 2 милиои евра, или 42 проценти повеќе отколку во 2019 година. Сепак, лани бројoт на вработените во компанијата се намалил за 18. Односно, во 2019 година биле вработени 808 работници, а во 2020-та 791.

    Од компаниите што имаат шифра произведство на облека, најпрофитна е „Арини фешн“ од Прилеп. Но,таа всушност произведува чорапи и хулахопки. Од тоа, компанијата минатата година инкасирала вкупен приход од речиси 10 милиони евра, со добивка од над 1 милион евра, што е 5 пати повеќе отколку во 2019 година.

    Прочитај и: ПАРИ ЕКСКЛУЗИВНО: Кои 10 фирми за текстил и облека “шијат” најмногу пари?

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично