ПОВЕЌЕ

    Тајните фабрики за рударење на биткоин

    Време зa читање: 2 минути

    Рударите на биткоин од канадскиот град Алберта дошле до „оригиналната“ идеја за рударство на криптовалути – присвоиле напуштена фабрика за експлоатација на природен гас, но акцијата не успеала откако соседите ги пријавиле поради бучава.

    Во 2020 година, во споменатата фабрика беа инсталирани четири генератори, кои се доволни за снабдување на шест илјади домаќинства. Точно е дека се снабдуваа со природен гас, така што немаше кражба на електрична енергија, но се посочува дека овој начин на експлоатација може да предизвика голема штета.

    Рударите „копаа“ под покровителство на Линк Глобал, а извршниот директор вели дека ова е вообичаена практика, бидејќи нивната цел е напуштените објекти повторно да бидат корисни. Покрај тоа, тој посочува дека рударството со криптовалути е релативно нова практика, поради што се појавуваат такви проблеми. Во многу делови на светот постојат тензии меѓу крипто -рударите и локалната инфраструктура – во Малезија, на пример, 1.069 рударски уреди беа запленети и уништени, додека рударите беа обвинети за кражба на електрична енергија.

    Случајот од Канада не е ништо ново, но експертите предупредуваат на сериозноста на прекумерната потрошувачка на електрична енергија.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично