ПОВЕЌЕ

    СВЕТОТ ОДИ НАПРЕД ВО ТЕХНОЛОГИЈАТА, но Македонците како народ мора да излезат од комфорната зона – Александар Савевски во New Biz

    Време зa читање: 3 минути

    Голем дел од технологиите на кои се потпираме денес се резултат на помали откритија во науката и инженерството што се случиле години или децении претходно. Инженерите и научниците од целиот свет ги поместуваат границите и доаѓаат до нови откритија кои еден ден би можеле да создадат нова иднина.

    На каде го менува светот технологијата, има ли некои работи за кои со ентузијазам се вели дека вештачката интелигенција ќе го смени светот на подобро? Каде се движи Македонија во тој поглед? Ова се прашањата опфатени во поткастот New Biz со Наташа Велковска, која во втората епизода разговара со Александар Савевски, претприемач, старт-апчија и инженер.

    „Првата примена и најголемите пари од технологијата доаѓаат од воената индустрија и од буџетот на државата, којшто е задолжен за одбрана или за напад. Ќе го земеме за пример еден од најновиот проекти „Q star“, тоа е таен проемт на Open AI за којшто малку се зборува, и практично новите наоди се дека пробуваат вештачката интелигенција да ја искористат за симулирање на квантни компјутери. Тоа не значи дека ќе добиеме квантен компјутер, туку дека ќе добиеме некоја аналогија, нешто кое што ќе може да се испроцесира на класични компјутери, а ќе добиеме резултат многу близок на тоа што се процесира на квантен компјутер. Тоа значи дека некој размислувал како да сруши енкрипција, како да воведе некои симулации коишто се оптимални со користење на вештачката интелигенција во позадина“, објаснува Савевски.

    Од друга страна пак, како што вели тој, нивната технологија ги отвора границите на тоа како човекот размислува, како човекот емотивно регира на работите и со самото проучување на технологијата може да се научи повеќе за самите луѓе.

    Сепак, Савевски вели дека човекот првенствено не бира напредок во технологија, напротив, избира да седи секогаш пред нешто што му е секојдневие.

    „Човекот сака да е на сигурно, да знае дека утре кога ќе стане работите ќе бидат исти како денес, така и како луѓе сме градени, самиот психолошки систем така нѐ тера да се однесуваме, нѐ наведува да реагираме затоа што така е најенергетски исплатливо за него. Човекот сака да е во комфор зона. Но впрочем е сосема спротивно, ние најубаво функционираме надвор од таа комфор зона. Ние мораме да дознаеме што е подобро, состојбата во која се наоѓаме не само што не е најдобра, туку е потстандардна, и не треба многу енергија за да се излезе од таа ситуација. Енергијата што е потребна 2 милиони народ во оваа држава да го променат своето мислење е многу помало за енергијата од 200 милиони народ, и кога ќе дојдеме до таа ситуација да го разбереме тоа, многу лесно картите ќе се поместат, ќе можеме да експериментираме“, потенцира Савевски.

    Неговиот став е дека ние не експериментираме како народ, ниту политички, ниту технолошки, ниту, пак, социјално, бидејќи се плашиме, резервирани сме, а тоа мора да се промени за да дојдеме до некој напредок во иднина.

    Целата епизода и слични на оваа се достапни на  New Biz Podcast

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично