ПОВЕЌЕ

    Стопанска банка покровител на Охридско лето и Галичка свадба

    Време зa читање: 2 минути

    Стопанска банка АД – Скопје и оваа година застанува на страна на културата и на страна на традицијата преку покровителството на НУ Охридско лето и на манифестацијата „Галичка свадба“.

    Преку постојаната поддршка за проекти и настани од огромно значење за нашата култура ја демонстрираме нашата заложба и грижа за заедницата и нејзините традиции и вредности.

    Охридско лето оваа година го има своето 61 издание и во периодот од 12 јули до 12 август ќе донесе голем број концерти, претстави и перформанси. Повеќе за програмата и билетите дознајте на веб страницата на НУ Охридско лето.

    Галичка свадба оваа година се одржува од 17 – 18 јули во полн сјај, со сите традиционални обичаи. Катерина и Филип се младиот брачен пар кој оваа година ја има честа да бидат домаќини на настанот. Им посакуваме среќа, слога и љубов и секако успешна реализација на традиционалната Галичка свадба. Повеќе информации за настаните и програмата во Галичник дознајте на Facebook страницата на Месната Заедница Галичник.

    Продолжуваме да градиме, создаваме, поддржуваме и остваруваме заедно, но притоа не заборавајќи на јавното здравје. Оттука нашиот апел е до сите учесници и посетители на културните настани да ги применуваат мерките за заштита и да се грижат за себе и за своите најблиски.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично