Во рамки на традиционалното одбележување на „Светскиот ден на штедењето“ прогласени беа најдобрите банкарски службеници за 2020 година од сите банки и штедилници во Република Северна Македонија.
На виртуелна манифестација, поради мерките за заштита од COVID-19, на добитниците им беа доделени плакети и признанија а свое обраќање имаа Претседателката на МБА, Директорот на Фондот за осигурување на депозити и Гувернерката на НБРСМ.
Нашите вработени во филијалите, како никоја година претходно, оваа година играат клучна улога за достпаноста на производите и услугите на Банката за клиентите. Работејќи под посебни услови, со многу мерки за претпазливост и заштита, и спроведувајќи бројни проекти од јавен интерес, нашите вработени доследно и професионално ги извршуваат своите активности.
Им благодариме на сите за нивниот придонес а посебно ги издвојуваме колешките кои го добија статусот на најдобри во 2020 година:
Паце Сековска, филијала Битола
Татјана Митрева, филијала Струмица
Катерина Ивановска, филијала Јане Сандански