Инфлацијата во Србија е значително повисока отколку во Еврозоната. Во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“, економистите објаснуваат зошто српскиот пазар страда од високи цени и дали Владата може да го реши овој проблем. Исто така, во Србија нема ефикасен механизам за помош на загрозените граѓани. Владините субвенции често одат кај оние на кои не им се најпотребни.
Премиерата е в четврток, во 12.00 часот. Притиснете ‘сабскрајб’ за повеќе анализи!“
„И сега тука секако се поставува логичкото прашање, во ред, зошто е толкава инфлацијата во Србија? И она што е наш клучен одговор како клучен фактор е всушност таа пазарна концентрација, пред сѐ во трговијата, која е далеку поголема од развиените земји од ЕУ. Како клучен проблем е тоа што нема кој да обезбеди вистинска конкуренција на пазарот.
Значи, според законите во Србија, ние имаме институција која со тоа се занимава, а тоа е Комисијата за заштита на конкуренцијата. Меѓутоа, таа во моментов е зафатена со некои маргинални прашања, како што е цената на кафето, софтверските компании, па нема време да се занимава со основните животни намирници. Освен тоа, нашата држава, држава Србија во оваа година ни подготви еден отприлика опсежен пакет поскапувања, кои секако ќе влијаат на растот на инфлацијата.“