ПОВЕЌЕ

    СРБИЈА ПО НОВА ГОДИНА СО ПОСКАП ГАС И СТРУЈА, надлежните тешат дека поскапувањето не е големо

    Време зa читање: 2 минути

    Министерката за рударство и енергетика на Србија, Дубравка Џедовиќ за РТС потврди дека од 1 јануари струјата поскапува за помалку од десет отсто, а гасот за 11 отсто. Според пресметките на Електропривреда Србије, за просечна потрошувачка на електрична енергија во домаќинствата сметката ќе биде зголемена за околу 300 динари.
    Како што соопшти РТС, последното поскапување на струјата од 6,5 отсто било на 1 септември.

    Гасот во Србија од следната година ќе поскапи за 11 отсто, а последното поскапување на гасот беше девет отсто во август. „Гасот во Србија во моментов е меѓу најевтините за индустријата и трет најприфатлив во Европа за домаќинствата“, напиша министерката Ѓедовиќ на својот Инстаграм профил. Таа нагласи дека државата ќе продолжи да ја субвенционира цената на струјата, со што цената на струјата во Србија ќе биде меѓу најниските во Европа.

    Во меѓувреме, во Србија паѓа и потрошувачката на електрична енергија. Директорот за снабдување со електрична енергија во подружницата „ЕПС Снабдување“, Александар Бјеличиќ за РТС изјави дека од 3,37 милиони домаќинства, 45 отсто од нив ја намалиле потрошувачката на струја во октомври. Тој забележува дека и граѓаните и стопанството сериозно ја сфатиле енергетската криза, така што вкупната потрошувачка во октомври 2022 година е за 11 отсто намалена во споредба со октомври 2021 година.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично