Шпанските банки размислуваат за трајно затворање на дел од филијалите

Датум на објава: 04.07.2020

Време зa читање: 2 минути

Додека Шпанија повторно се отвора по кризата со Ковид-19, нејзината банкарска индустрија ја користи можноста да ја намали својата гломазна мрежа на филијали, која долго време ја попречува нејзината профитабилност, а четири банки веќе најавија трајно затворање на најмалку 800 филијали.

И покрај значително прекроената деловна мрежа од финансиската криза во 2008 година, со над 2.000 филијали затворени минатата година, мрежата од 24.000 филијали на шпанските банки останува една од најголемите во светот во однос на населението, според Меѓународниот монетарен фонд.

Прочитајте и ...  Како од страст за мода, создаде империја од милијарди долари

Противењето на синдикатите на затворањето филијали и навиката на шпанските граѓани да користат експозитури повеќе од другите жители на европските земји, го забавија напредокот на шпанските банки во намалувањето на нивната деловна мрежа, иако високата цена на нивната работа значително ја намали нивната профитабилност.

Со оглед на тоа што голем дел од нивната мрежа беше затворена за време на вонредната состојба поради пандемијата на коронавирус, банките почнаа да испитуваат дали промените во однесувањето на клиентите, кои претежно се префрлале на електронски услуги, значат дека повеќе филијали би можеле да останат затворени. Многу, дури и постари клиенти открија дека работите можат да ги завршат брзо и евтино преку Интернет. Не сум сигурен дека би се вратиле на тоа работите да завршат на ист начин како порано“, изјави Ник Хил, директор во агенцијата за испитување на рејтинг „Мудис“.

Прочитајте и ...  Колку изнесува вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија?

Тагови: банки, ковид19, коронавирус, мерки, филијали, Шпанија,

Facebook профил: pari.com.mk

Инстаграм профил: pari.com.mk

@pari.com.mk

© Преземањето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот pari.com.mk е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со pari.com.mk, е строго забрането.


Сподели: