ПОВЕЌЕ

    Од Делегацијата на ЕУ за „Стив Наумов“: Надлежните да ги одржуваат, студентите совесно да ги користат објектите

    Време зa читање: 3 минути

    делегација на Фотографиите и изолираните инциденти не секогаш ја прикажуваат целосната слика, а сите забелешки за евентуални градежни недостатоци во студентскиот дом „Стив Наумов“ треба да бидат пријавени и проверени преку соодветните канали, порачува Делегацијата на Европската Унија во Скопје.

    Оттаму нагласуваат дека студентите имаат полно право да изразат загриженост за условите во домот, но истовремено инсистираат јавната дискусија да се води врз основа на точни и проверени информации. Реновираните објекти, кои беа пуштени во употреба на 30 септември 2026 година, сè уште се во гарантен рок, па евентуалните технички или градежни недостатоци треба да бидат отстранети од одговорните изведувачи.

    По неодамнешната јавна дискусија во врска со условите во студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје, Делегацијата на ЕУ ги разгледа околностите и ги утврди фактите, вклучително и преку посета на објектите од страна на нејзини претставници.

    Врз основа на собраните информации и појаснувањата дадени од Делегацијата на ЕУ, од каде што укажуваат – фактите се важни, важни се и студентите:

    Европската Унија, заедно со Владата на Северна Македонија и Германската развојна банка (KfW), ја поддржаа реконструкцијата на студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје, како дел од поширока програма за подобрување на студентското сместување. Реновираните објекти беа официјално пуштени во употреба на 30 септември 2026 година и се во гарантен рок. Доколку се утврдат какви било градежни недостатоци или технички проблеми, тие треба да се пријават преку соодветните канали, по што ќе бидат разгледани и отстранети од страна на одговорните изведувачи на работата.

    Решавањето на реални проблеми и презентирање точни информации се од суштинско значење за заштита на интересите на студентите и за одржување на јавната доверба. Студентите имаат полно право да изразат загриженост, и тоа треба да се сфати сериозно. Подеднакво важно е да се осигури дека информациите што се споделуваат во јавноста се точни и соодветно проверени. Фотографии или изолирани инциденти не секогаш ја прикажуваат целосната слика, па затоа заклучоците треба да се засноваат на утврдени факти.

    ЕУ очекува високи стандарди за квалитет и одговорност од сите чинители вклучени во нејзините инвестиции. Иако надлежните органи и градежната компанија се одговорни за одржувањето и поправката на недостатоците, и студентите имаат одговорност совесно да ги користат објектите – пред сè, за свое добро.

    19,505Следи нè на facebookЛајк

    слично