ПОВЕЌЕ

    Соработка на Централниот регистар и Управата за финансиско разузнавање

    Време зa читање: 2 минути

    Со оглед на важноста на регистарот на вистински сопственици како клучна алатка во борбата против перење пари и финансирање на тероризам, обезбедувањето на навремено внесување и редовно ажурирање на податоците, како и верификување на истите, претставува основ за воспоставување на систем во кој институциите и јавноста ќе имаат доверба.

    Во таа насока директорката на Централен регистар д-р Анита Стамнова и тим кој активно работи на оваа проблематика, одржаа работен состанок во просториите на Управата за финансиско разузнавање (УФР), информираат од Централниот Регистар.

    ​Како администратор на регистарот и како институција која претставува основен извор на податоци чија обработка и резултат се користат како патоказ и двигател не само во економијата, туку и основ за креирање на политики и преземање на мерки од страна на државните органи, јасна е улогата на Централниот регистар во делот на верификацијата на податоците, се додава во соопштението до јавноста.

    ​Централниот регистар во соработка со Управата за финансиско разузнавање, како и во соработка со останатите државни и приватни партнери, се наведува, спроведува процес на анализа и соодветно правно и техничко систематизирање на резултатите во иден ефективен механизам за проверка, при што како краен резултат се создава основа за континуирано подобрување на квалитетот на информациите во регистарот.

    ​Нашата заедничка цел е јасна – да изградиме транспарентен, сигурен и веродостоен систем кој ќе придонесе кон зајакнување на интегритетот на финансискиот и правниот систем, истакнуваат од Централен Регистар.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично