ПОВЕЌЕ

    СО ПРОДАДЕНИТЕ 11,27% СОЊА БИБАНОСКА ги зацврсти позициите на Доне Таневски во „Македонијатурист“?

    Време зa читање: 2 минути

    Можен ли е пресврт во хотелско-угостителската компанија „Македонијатурист“, Соња Бибановска, долгогодишна директорка во „Македонијатурист“ и блиска соработничка на Доне Таневски, претседателот на управата на најголемата хотелиерска компанија, вчера ги продаде сите свои акции во „Македонијатурист“. Се зборува дека Бибаноска останува лојална на Таневски. Неофицијално се дознава дека таа не го предала Доне Танески, туку му помага да ги задржи и зацврсти позициите.

    Купувач платил повеќе од 9 милиони евра за 50.953 акции на „Македонијатурист“. Информацијата за оваа последна, во низата, блок-трансакција е пласирана на Македонска берза.

    Акциите се купени по цена од 11.070 денари. Вредноста на блокот е во износ од 564.049.710 денари. Преку оваа трансакција сопственикот на овој пакет стекнал 11,27% од основната главнина на хотелско-угостителската компанија. Станува збор за обични акции со право на глас, чија номинална вредност е 25,56 евра.

    Се работи за 11 отсто од сите акции чие право на глас во „Македонијатурист“ имаше Соња Бибановска, која досега беше втор најголем поединечен акционер во таа компанија, а отсега веќе е пензионерка.

    Најголем акционер во таа компанија во моментов е Доне Таневски долгогодишен прв човек  во „Македонијатурист“. Таневски  сега е претседател на Надзорниот одбор, а неговата ќерка Мирјана Таневска е претседател на Управниот одбор и оперативно ја води компанијата која располага со најмногу хотели во Македонија.

    Со последнава блок трансакција продолжува низата големи блок трансакции со акциите на компанијата овој месец.  Пред две недели, во сопственичката структура на „Македонијатурист“ влезе тетовската градежна компанија „Изо стоне“ (Izostone) . Податоците на Централниот депозитар за хартии од вредност покажуваат дека тетовската компанија купила 6,62 проценти од вкупниот број акции на „Македонијатурист“.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично