ПОВЕЌЕ

    Со 12 милиони евра ќе се реконструира ГОБ „8 Септември“, со 2,7 милиони охридскиот аеродром

    Време зa читање: 2 минути

    Владата го објави почетокот на две големи инвестиции со вкупна вредност од 14,7 милиони евра. Предвидени се 12 милиони евра за реконструкција на Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември” и 2,7 милиони евра за реновирање на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле”. Со тоа ќе се овозможи поголем квалитет во здравствените услуги и поголем број патници на охридскиот аеродром, посочи вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, кој заедно со премиерот Христијан Мицкоски и со министерот за здравство, Арбен Таравари, ги најавија овие вложувања.

    Болницата веќе во октомври би требало да е целосно обновена. Активностите ќе се реализираат во оперативниот блок со седум хируршки сали, две за абдоминална хирургија, две за уролошки интервенции, една сала за уво, нос и грло, една за очна хирургија и една за роботска хирургија. Салите ќе се обезбедат со најсовремена опрема, со хируршки маси и машини за анестезија, медицински компјутери, дефибрилатори….

    „Предвидени се седум целосно опремени боксови за пациенти со најсовремени кревети, линиски поставени со централно мониторирање од страна на медицинскиот персонал, придружни простории од 800 м2, стерилизација, биохемиска лабораторија, микробиолошка лабораторија и патолошка лабораторија“, наведе Николоски, додавајќи дека ќе се изведе и санација на болничкиот покрив, а ќе се постави и систем на греење и ладење.

    Како резултат на работите што ќе се одвиваат на охридскиот аеродром треба да произлезат нова административна зграда, канцелариски простор, помошни простории, наменски простор за обезбедување, реконструкција на терминалната зграда, нов сообраќаен режим на паркингот. Аеродромот би требало да биде подновен до март идната година.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично