ПОВЕЌЕ

    Слаѓан Михајловски од Инфините Солутионс предложен за член на НО на ТТК банка

    Време зa читање: 2 минути

    Главниот извршен директор на „Инфините Солутионс“, Слаѓан Михајловски, најверојатно ќе биде новиот член на Надзорниот одбор на ТТК банка. Предложен е од основачот и најголем акционер на Банката – тетовски „Тетекс“. Акционерите ќе се изјаснат на втори април, за кога е закажано годишното Собрание.

    „Предложениот кандидат за независен член на Надзорен одбор на ТТК Банка АД Скопје, Слаѓан Михајловски, поседува професионални квалификации да ја извршува работата од делокругот на работењето на Надзорниот одбор на Банката и ќе придонесе Надзорниот одбор на ТТК Банка АД Скопје доследно да ги извршува работите од своја надлежност“, наведува предлагачот како образложение на предлог-одлуката.

    Акционерите ги имаат на увид податоците на номинираниот кандидат: дипломирал на ФЕИТ, насока ИКТ; има долгогодишно искуство во ИТ секторот; претседател на Комитетот за софтвер и услуги на МАСИТ и советник на проект на Светска банка за воведување на ИТ систем во македонското здравство на национално ниво; во ТТК банка нема акции, а има удел од 30 проценти во компанијата со која раководи.

    Михајловски е предложен за независен член со мандат од четири години.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично