ПОВЕЌЕ

    „Скопски пазар“ ставен на Листата за набљудување на Македонска берза

    Време зa читање: 2 минути

    Одборот на директори на Македонска Берза донесе заклучок за внесување на издавачот Скопски пазар АД Скопје на „Листата за набљудување“ што се објавува на веб страница на Берзата, согласно член 61-а од Правилата за котација.

    Внесување на друштвото Скопски пазар АД Скопје на „Листата за набљудување“ е со цел за обрнување на внимание на инвеститорската јавност поради тоа што до друштвото е доставена Намера за објавување на понуда за преземање на сите обични акции со право на глас издадени од Скопски пазар АД Скопје од страна на преземачите Современ дом АД Прилеп и ЗСФ-КОМ ДООЕЛ Скопје.

    Ставањето на листата на набљудување не треба да се сфати како нешто лош, напротив тоа укажува  дека постои активност и дека процесот е транспарентен.

    Според соопштеното „Современ дом“ и „ЗСФ ком“ имаат намера да ги пресемат сите обични акции со право на глас издадени од „Скопски пазар“ по цена од 6.500 денари.

    Претходно известивме за Голема промена во сопственичката структура на Скопски Пазар

    Инаку „Скопски пазар“ управува со 13 зелени пазари во Скопје и со еден сточен пазар со капацитет од околу 2.900 продажни места-тезги, располага со деловен простор претежно наменет за издавање со вкупна површина од околу 58.000 квадратни метри, а во еден дел од деловниот простор компанијата врши сопствена трговска дејност, врши и сопствена угостителска дејност (ресторанот „14“ во Скопје), а го поседува е-супермаркетот www.doma.mk.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично