ПОВЕЌЕ

    Голема промена во сопственичката структура на Скопски Пазар АД

    Време зa читање: 3 минути

    Сашо Давитковски и неговата мајка Тодорка Давитковска ги продадоа сите акции кои ги поседуваа во Скопски Пазар АД.

    Двајца од петте најголеми акционери во компанијата ги продадоа сите акции што ги поседуваа во акционерското друштво Скопски пазар АД Скопје.

    Познатата компанија Скопски пазар АД Скопје преку Македонска Берза ја извести јавноста дека на 04.08.2020 година во блок-трансакција на берзата беа истргувани вкупно 17.532 обични акции издадени од Скопски пазар АД Скопје, по цена од 6.169 денари по акција, во вкупна вредност од 108.165.602 денари (околу 1,7 милиони евра).

    Скопски пазар АД Скопје ја известува јавноста дека на 04.08.2020 година во блок трансакција беа истргувани вкупно 17.532 обични акции издадени од Скопски пазар АД Скопје, по цена од 6.169,61 денари по акција, во вкупна вредност од 108.165.602,52 денари.

    Какви беа финансиските резултати на Скопски пазар АД Скопје изминатите две годин

    „Досегашниот акционер Тодорка Давитковска изврши продажба на сите акции што ги поседуваше во Скопски пазар АД Скопје, односно 8.055 обични акции, што претставува 11,36% учество во вкупниот број на обични акции издадени од Скопски пазар АД Скопје и повеќе не е акционер во Скопски пазар АД Скопје“, се вели во соопштението.

    „Досегашниот акционер Сашо Давитковски изврши продажба на сите акции што ги поседуваше во Скопски пазар АД Скопје, односно 7.546 обични акции, што претставува 10,64% учество во вкупниот број на обични акции издадени од Скопски пазар АД Скопје и повеќе не е акционер во Скопски пазар АД Скопје“, стои во соопштението објавено преку Берзата.

    Воедно со состојба од акционерската книга од 05.08.2020 година ЛИКО-ПРОЕКТ ДООЕЛ се појавува како акционер со над 5% во акционерската структура на Скопски пазар АД Скопје со вкупно 17.532 обични акции или 24,71% од бројот на обични акции со право на глас , односно 20,49% од вкупниот број на издадени акции од Друштвото.

    Како директна поврзаност со фирмата ЛИКО-ПРОЕКТ ДООЕЛ се јавува сопственикот Нуждет Рамадани, а управител е Урхан Рамадани. Додека пак, како индиректна поврзаност се јавуваат Хуманитарно здружение на граѓани Садакаја од с.Липково и Друштво за производство и услиги РАМАДАНИ КОМ ДООЕЛ од с.Липково.

    Какви биле вкупните приходи, расходи и добивка на фирмата ЛИКО-ПРОЕКТ во 2017 и 2018 година.

    Кај вкупните приходи, забележан е пад од -83,53%, додека пак кај расходите пад од -78,75%

    Според достапните информации на крајот на минатата година најголеми акционери во Скопски пазар  е Современ дом од  Прилеп, со 24,8 отсто од акциите, „ЗСФ ком“ ДООЕЛ Скопје на познатиот бизнисмен Фатмир Етеми со 22,72 отсто, и Скопски пазар во чија сопственост се 11,46 отсто од акциите (сопствени акции) и Тодорка и Сашо Давитковски.

    Инаку „Скопски пазар“ управува со 13 зелени пазари во Скопје и со еден сточен пазар со капацитет од околу 2.900 продажни места-тезги, располага со деловен простор претежно наменет за издавање со вкупна површина од околу 58.000 квадратни метри, а во еден дел од деловниот простор компанијата врши сопствена трговска дејност, врши и сопствена угостителска дејност (ресторанот „14“ во Скопје), а го поседува е-супермаркетот www.doma.mk.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично