ПОВЕЌЕ

    „Ситно“ кај нетрговските трансфери – пренесени 1.518 акции од три банки и три компании

    Време зa читање: < 1 минутa

    Со 1.518 акции, од кои 65 приоритетни, заврши минатата седмица во доменот на нетрговските трансфери. Што делува „ситно“ во однос на неделата пред тоа и пренесените над десет илјади акции.

    Како што покажуваат информациите од Централниот депозитар за хартии од вредност што ги објавува Македонска берза, во текот на претходната недела оваа активност се практикувала во три работни дена. Притоа, подарени, наследени или за друга намена пропишана со закон, пренесена е сопственоста на акции издадени од три банки и три компании.

    Низ нетрговскиот трансфер минале 65 приоритени акции од Стопанска банка Скопје, 167 обични од ТТК банка и 220, исто така обични акции, емитувани од Комерцијална банка.

    Најголемиот број пренесени акции се од скопски „Макошпед“ – 619. Следуваат 422 обични акции издадени од фармацевтската компанија „Алкалоид“ и 25 обични акции од „Гранит“.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично