ПОВЕЌЕ

    Шпанија размислува да воведе четиридневна работна недела

    Време зa читање: < 1 минутa

    Шпанската влада ја разгледува можноста за воведување на четиридневна работна недела, односно скратено работно време, со цел да се спречи пад на бројот вработени.

    Лидерот на левичарската партија Унидас Подемос, Пабло Иглесијас изјави денеска дека владата го разгледува предлогот за намалување на работното време со цел да се поттикне вработувањето.

    Идејата за пократка работна недела се зборуваше ширум светот со години наназад, но пандемијата која ја предизвика корона вирусот и неговото влијание врз бројот на вработени натера многумина да размислуваат за економијата и социјалните структури, пишува американската агенција Блумберг.

    Многу компании за време на пандемијата испраќаа работници на принуден одмор, а некои дури и отпуштија голем број на вработени.

    Владата ќе претстави предлог за промена на работната недела во Шпанија во рамките на социјалниот дијалог со синдикатите и здруженијата на работодавачи.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично