ПОВЕЌЕ

    СЕРИЈАЛ 100 НАЈГОЛЕМИ КОМПАНИИ: Пад од 600 милиони евра на вкупната добивка кај 100-те најголеми минатата година

    Време зa читање: 3 минути


    Износот на добивката на претпријатијата е еден од најбитните елементи кога се прави компаративна анализа и во голема мера дава слика за клучни финансиски показатели поврзани со успешноста во работењето. Од друга страна, тоа е најбитниот елемент кога станува збор за акционерските друштва, односно заработката по поединечна акција. Во теоријата, порастот на добивката треба да биде правопропорционален со атрактивноста на акцијата на пазарот, а со тоа и повисока берзанска цена, доколку се одлучи дел од таа добивка да се распредели преку дивиденда. Во спротивно, доколку се одлучи добивката да се капитализира во компанијата, односно да се намени за инвестиции, во тој случај очекуваниот пораст за наредната година може да се биде уште поголем.

    Кога станува збор за топ 100 компаниите за 2020 година може да се изведат неколку битни сегменти кои даваат слика за тоа како корпоративните тимови, во услови на корона криза, успеале да ги изменаџираат своите претпријатија:

    • Евидентиран е пад на вкупната добивка на топ 100 компаниите во 2020 година од 16.6%, во споредба со 2019 година. Тоа пресликано во апсолутни бројќи е кумулатив од 37.9 милијарди МКД.
    • 2020 година генерирала 30 нови компании кои влегле во оваа листа на топ 100, а предходно биле надвор од неа. Од нив, само 6 компании се во топ 50, или 20% од новите елитни членови, додека најголема концентрацијата има од 80-100 место. Вкупниот придонес на овие компании во вкупната добивка на топ 100 изразен во проценти е 15.5%, или во апсолутни бројки 5.9 милијарди МКД.
    • 41 компанија од оние кои 2 години по ред се дел од оваа листа топ 100, го подобриле својот годишен финансиски резултат, односно оствариле поголема добивка во 2020 година, во споредба со 2019 година. Ова укажува на фактот дека заложбите за континуиран пораст на бизнисот води кон одржување на високо ниво на конкурентност.
    • Од друга страна, има 8 компании кои иако во 2020 година оствариле помало ниво на добивка, во споредба со 2019 година, сепак го подобриле својот ранкинг. Ова може да укажува на тоа дека кај останатите компании има голема цикличност во добивките, па и мали надолни трендови на останатите може да ги одржат во кондиција, или падот кај останатите бил многу поголем. Како и да е, во голема мера бројките за оваа 2020 година треба да се земат со резерва, бидејќи различни бизниси со различен интензитет и големина беа погодени од кризата.
    • За да добиеме претстава околу големината на компаниите во топ 100 направивме две компарации:
    1. Добивката на најдобрата рангираната компанија е поголема од збирот на добивките на последните 35 компании од топ 100
    2. Добивката на последните 83 компании е помала од збирот на добивки на топ 10 компаниите

    Ова укажува на фактот дека постои голема диспропорција во поединечниот придонес во кумулативните вредности на топ 100 листата и дека постои огромна разлика меѓу поединечните компании. Можеби во иднина ќе треба да се издиференцира листа на топ 20 и останати топ 80.

    – На крај како најава за следната анализа на pari.com.mk, во соработка со biznismreza.mk, е податокот дека 5 комапнии што се во топ 10 според остварена добивка, се истите кои фигурираат и  во топ 10 листата според остварени приходи.

    Редакција Пари

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично