ПОВЕЌЕ

    Samsung ги претстави решенијата Color E-Paper и AI Signage на ISE 2025

    Време зa читање: 7 минути

    Samsung Electronics денес ја објави својата следна генерација на комерцијални екрани со AI решенија на саемот Integrated Systems Europe (ISE) 2025.

    Color E-Paper на Samsung овозможува ново ниво на енергетска ефикасност, додека AI функциите во SmartThings Pro и Interactive Display ја зголемуваат интелигенцијата, контролата и употребливоста на бизнис-ориентираните екрани. Дополнително, ултра-големиот 115” Smart Signage екран носи ново ниво на имeресивни визуелни искуства. Сите овие иновативни решенија се изложени на саемот ISE 2025, на штандот 3F500.

    „За комерцијалните екрани, клучно е да се одговори на побарувачката на пазарот за енергетска ефикасност и едноставно управување со уредите, а истовремено да се задоволи желбата на корисниците за имересивни визуелни искуства,“ изјави Хун Чунг, (Hoon Chung) извршен потпретседател на Visual Display Business во Samsung Electronics. „Нашите најнови иновации, вклучувајќи го Samsung Color E-Paper со речиси нулта потрошувачка на енергија и напредни AI можности кај сите модели, ја потврдуваат нашата посветеност да бидеме лидери на нови пазари и да обезбедуваме револуционерни бизнис решенија ширум светот.“

    Samsung Color E-Paper носи поголема енергетска ефикасност и флексибилност

    Samsung Color E-Paper (модел EMDX) ги редефинира енергетски ефикасните digital signage со комбинирање на дигитално мастило и иновативна технологија за целосно обоена e-paper површина. Овој ултра-нискоенергетски, лесен и тенок екран претставува еколошка алтернатива на традиционалните аналогни и хартиени промотивни материјали, додека истовремено обезбедува висока видливост и функционалност што бизнисите ја бараат.

    Со користење на напредна технологија на дигитално мастило, моделот EMDX работи со 0.00W потрошувачка на енергија при прикажување на статични слики, додека при промена на слики троши значително помалку енергија во споредба со традиционалните дигитални екрани, што резултира со значителна заштеда на средства[1]. Ултра-тенкиот и лесен дизајн овозможува едноставна инсталација, додека различните големини се прилагодени на различни деловни потреби, вклучувајќи 13″ (1,600 x 1,200), 25″ (3,200 x 1,800), 32″ QHD (2,560 x 1,440) и верзијата 75″ 5K (5,120 x 2,880) за надворешна употреба. Color E-Paper, исто така, содржи батерија од 5000mAh, две USB-C порти за полнење и пренос на податоци, 8GB меморија, како и Wi-Fi и Bluetooth поддршка за подобрена поврзаност.

    За беспрекорно управување со уредите, посебна мобилна апликација[2] им обезбедува на корисниците далечинско управување со екраните, закажување на времето за вклучување и исклучување, како и поставување на плејлисти со претходно дефинирани интервали. Samsung VXT (Visual eXperience Transformation) дополнително го поедноставува управувањето со содржината со функција ексклузивна за Samsung Color E-Paper. Специјализиран алгоритам ја оптимизира видливоста на содржината за екранот и вклучува функција за преглед, со што се обезбедува точност на содржината и боите пред нејзиното прикажување.

    Управувањето со содржината е поедноставено преку мобилната апликација и Samsung VXT, а бизнисите можат да користат и сопствени решенија преку Tizen Enterprise API, што овозможува лесна интеграција со постојните системи за управување.

     

    Дополнително, како дел од континуираната посветеност на Samsung кон одржлива иднина, капакот на Color E-Paper е изработен од над 50% рециклирана пластика, додека пакувањето е целосно направено од хартија.

    AI функциите носат нова интелигенција и контрола во SmartThings Pro и Interactive Display

    Во 2025 година, SmartThings Pro, хиперповрзаната B2B платформа за управување на Samsung, воведува напредни AI и автоматизациски можности за подобрување на оперативната ефикасност.[3]

    Платформата нуди Interactive View, кој користи AI за конверзија на 2D планови во 3D слики на деловни простории. Оваа 3D визуелизација овозможува полесно разбирање и интуитивно навигирање низ просторот, овозможувајќи им на бизнис операторите едноставно управување со поврзаните уреди.

    SmartThings Pro, исто така, нуди напредни контроли за автоматизација, овозможувајќи им на бизнисите да прилагодуваат поставки како што се напојување, јачина на звук и осветленост, врз основа на претходно дефинирани услови, како што се амбиенталното осветлување, зафатеноста на просторот и работното време на продавниците. Овие автоматизирани прилагодувања заштедуваат време истовремено гарантирајќи оптимизација на уредите во својата околина. Кога SmartThings Pro се користи на екрани, преминувањето меѓу различни содржини е подеднакво беспрекорно. Корисниците можат лесно да менуваат канали или извори на влез, овозможувајќи поедноставено и непречено корисничко искуство.[4]

    Дополнително, Samsung Smart Signage вклучува CryptoCore, FIPS 140-3-сертифициран модул за енкрипција, кој ги штити чувствителните податоци за автентикација на IoT конекциите и гарантира дека тие остануваат безбедни.[5]

    На ISE, Samsung, исто така, го претставува 2025 Interactive Display (модел WAFX-P), кој работи на Android OS 15 и вклучува нови AI можности што ги подобруваат можностите за образование и соработка.

    Моделот WAFX-P обезбедува напредни AI функции, вклучувајќи Пребарување со заокружување (Circle to Search), што им овозможува на корисниците лесно да пребаруваат слики или да преведуваат текст директно на екранот, како и AI Summary, кој автоматски создава концизни прегледи на предавања или состаноци.

    Ултра-големиот 4K Smart Signage го редефинира импресивното визуелно искуство

    115-инчниот 4K Smart Signage (модел QHFX) на Samsung ја предводи индустријата во развојот на ултра-големи екрани, нудејќи им на бизнисите нови и впечатливи начини за привлекување на публиката и трансформирање на просторот со имересивни визуелни искуства.

    По успехот на минатогодишниот 105” QPDX-5K модел, кој располага со сооднос 21:9 оптимизиран за видео-конференции, новиот 115” QHFX модел обезбедува поголема разновидност со својот 16:9 сооднос на екранот. Неговата функција за повеќекратен преглед, која поддржува прикажување на до четири поделени прозорци, го прави идеален за истовремено прикажување на повеќе содржини. Оваа прилагодливост го прави погоден за различни примени – од соби за состаноци до луксузни продажни простори што бараат премиум, големи екрани.

    Моделот QHFX, исто така, ги елиминира видливите граници кои често се поврзуваат со традиционалните видео ѕидови, создавајќи непрекинат екран што целосно ја ангажира публиката и го подобрува секој простор. Со QLED 4K резолуција, 700 нити максимална осветленост и оперативен систем Tizen OS 8.0, овој екран обезбедува живописни визуелни ефекти и непречено работење. QHFX се интегрира беспрекорно со SmartThings Pro и Samsung VXT, додека дополнителните кориснички функции, како вградена рачка за лесна инсталација и VESA[6] компатибилност, им овозможуваат на бизнисите флексибилност и удобност при инсталација и користење.

     

    За Samsung Electronics

    Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телефони, носивите уреди, таблетите, апаратите за домаќинство, мрежните системи и меморија, LSI системите, полуспроводниците и LED решенија и обезбедува беспрекорно поврзано искуство низ својот SmartThings екосистем и отворената соработка со партнерите. Најнови вести на Samsung Newsroom: http://news.samsung.com/mk/.

    [1] Мерењето на потрошувачката на енергија е извршено согласно стандардите IEC62301 на Меѓународната електротехничка комисија. Според овие стандарди, просечната потрошувачка на енергија под 0.005W се прикажува како 0.00W.

    [2] Мобилната апликација Samsung Color E-Paper поддржува Android 10 и понови верзии, како и iOS 15 и понови верзии. Достапноста може да варира во зависност од уредот, софтверската верзија и регионот.

    [3] За Smart Signage и хотелски телевизори, SmartThings Pro е достапна на модели со Tizen 7.0 или понова верзија.

    [4] Постепеното ажурирање е закажано да започне во март 2025 година.

    [5] За Smart Signage, CryptoCore е достапно на модели со Tizen 8.0 или понова верзија.

    [6] Асоцијација за стандарди за видео електроника (Video Electronics Standards Association – VESA).

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично